ММФ и Украина постигнаа договор за нова исплата од 690 милиони долари


Depositphotos_754202506_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународниот монетарен фонд и Украина постигнаа договор на ниво на експертски тимови за првата ревизија на четиригодишната програма за финансирање на земјата. Доколку договорот биде одобрен од Извршниот одбор на ММФ, Украина ќе добие дополнителни 690 милиони долари.


Од Фондот соопштија дека Украина до крајот на март ги исполнила сите клучни економски критериуми, иако дел од реформите доцнеле или не биле целосно спроведени. Поради тоа е договорен нов распоред за реформските мерки.

ММФ оцени дека Украина успеала да ја зачува макроекономската и финансиската стабилност и покрај тековната војна со Русија, благодарение на меѓународната помош и домашните економски политики.

Сепак, Фондот предупредува дека ризиците остануваат високи и прогнозира економски раст од само 1 до 1,6 проценти во 2026 година. Воедно, побара продолжување на даночните и фискалните реформи, намалување на сивата економија и засилување на борбата против корупцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK