Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода


sala-rasadnik-5-630cdf33-b871-0f84-31f4-953c92a6fb06.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на новата спортска сала во Општина Кисела Вода, оценувајќи дека станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во државата.


Како што рече, салата е со капацитет од околу 1.000 гледачи и нуди услови кои се споредливи со европските спортски стандарди.

„Условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект од овој карактер на ниво на цела држава“, изјави Мицкоски.

Тој изрази уверување дека новиот спортски објект ќе го користат не само младите од Кисела Вода, туку и спортисти од Скопје и од целата држава, додавајќи дека токму од вакви услови можат да произлезат идни европски и светски спортски ѕвезди.

Мицкоски се заблагодари за соработката со Општина Кисела Вода, Град Скопје, Министерството за спорт и владините институции кои учествувале во реализацијата на проектот.

Тој потсети дека Владата во изминатите две години ја спроведува политиката на финансиска поддршка на општините преку трансфери на средства за реализација на локални проекти.

„Целта е преку овие трансфери да помогнеме во локалниот развој и да создадеме додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, бидејќи општините се првата линија на услуги за граѓаните“, рече премиерот.

Тој најави дека Владата ќе продолжи со поддршката на општинските проекти и во наредниот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK