СДСМ: ЗНАМ е мала група на бизнис интереси која добила задача да ја штити власта


sdsm-stab-6-Custom-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ, реагираат од опозицијата на соопштението од Движењето ЗНАМ.


„Исто како што прават и нивните нарачани анкети – кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција. Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека по падот на нивниот голем татко, на ред се и овие двајца. А ЗНАМ… Мислите ли дека граѓаните заборавиле дека вие сте создадени и финансирани од Мицкоски за да ја напаѓате СДСМ? Заборавивте ли дека токму вие ја предадовте сопствената партија и сопствените гласачи заради бизнис интересите на Максим Димитриевски? Влеговте во тендер коалиција со оние кои сега ги браните. Сега кога ЗНАМ повеќе не постои ниту во нарачаните анкети, преостанатата група околу Максим Димитриевски го одработува својот дел – го брани режимот напаѓајќи го СДСМ“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ велат дека ЗНАМ никогаш не била партија, туку мала група на бизнис интереси која добила задача да ја штити власта.

„Дури ни соопштенијата немаат кој да им ги пишува, па им ги пишува Ивона Талевска. Граѓаните го гледаат тоа. ЗНАМ исчезнува и се распаѓа, а СДСМ останува единствена организирана сила која може да ја сопре оваа криминална група на чело со Мицкоски“,велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK