(Видео) Првата ѕвезда на Парагвај, Енсисо, нема да игра на СП


14047291.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Парагвај ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа, но прославата беше засенета од загриженоста за повреда на клучениот играч, Хулио Енсисо.


На последниот тест пред Мундијалот, Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во пријателски натпревар, а навивачите им приредија спектакуларно збогување.

Парагвај доминираше во натпреварот од самиот почеток и поведе во 17-та минута, кога Каку беше прецизен од пенал. Кон крајот на првото полувреме, во 42-та минута, Алмирон, на асистенција на Гомез, го зголеми резултатот на 2:0. Галарза постигна гол во 62-та, а конечниот резултат го постави Маидана пет минути подоцна, во 67-та минута, по додавање од Маурисио.

Сепак, големата победа беше засенета од повредата на првата ѕвезда на тимот, Хулио Енсисо.

Младиот напаѓач мораше да го напушти натпреварот и го напушти теренот во солзи на носилки. Сериозноста на неговата повреда предизвика голема загриженост пред почетокот на Светското првенство.

По овој натпревар, репрезентацијата на Парагвај патува на Светското првенство. Првиот настап ќе го има на 13 јуни против Соединетите Американски Држави. Во групната фаза, Парагвај ќе се сретне и со репрезентациите на Турција и Австралија.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK