Станковиќ се врати во Интер


aleksandar-stankovic-club-brugge-2-825x510-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот репрезентатиовец, син на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, Александар, се враќа во Интер по успешната сезона во Клуб Бриж.


Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер кој ќе се реализира на трајна основа, пишуваат италијанските медиуми.

Станковиќ ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година.

Враќањето на српскиот репрезентастивец е потврда за довербата што Интер ја има во неговиот развој, откако претходниот период го помина стекнувајќи искуство во белгиското првенство.

Минатата сезона, Станковиќ постигна девет гола со пет асистенции на 55 натпревари за белгискиот тим, додека претходната сезона имаше три гола и две асистенции на 38 натпревари.

Според шпекулациите, Интер ќе ја искористи клаузулата во договорот на Станковиќ дека може да го откупи за околу 25 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK