Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија


EcomConf1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вештачката интелигенција веќе ја менува брзината со која функционира е-трговијата. Токму затоа, 9. Регионална конференција за е-трговија оваа година ќе се оддржи под темата “From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!”, на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија.

Темата ја отсликува една од најголемите трансформации што индустријата ја има доживеано досега, односно преминот од бавни, мануелни процеси и неизвесност, кон паметни системи поддржани од вештачка интелигенција кои носат побрзи одлуки, подобра персонализација, автоматизација и поголема ефикасност. Концептот “From Wait to Go” симболично ја претставува промената што веќе се случува. Светлото е веќе зелено, а индустријата влегува во нова ера – ера на интелигентна е-трговија, автоматизација и раст со брзина на вештачка интелигенција.


Интересот за овогодинешното издание е рекорден уште од самиот старт. Првите 100 билети по Ultra Early Bird цена беа распродадени во рекордно времее, а организаторите очекуваат ова да биде најголемото и најпосетено издание досега.

Во текот на изминатите години, конференцијата прерасна во еден од најрелевантните регионални настани за е-трговија, кој обединува повеќе од 900 учесници од над 10 земји, вклучувајќи е-трговци, маркетинг експерти, payment провајдери, платформи, fintech компании, банки и логистички компании.

Досега, на сцената на конференцијата говореле бројни говорници и експерти од компании како OpenAI, TikTok, Booking, Zalando, Alibaba, Meta, Google, Viber, Dolce & Gabbana, како и некои од најпознатите регионални лидери и професионалци од е-трговијата.

Покрај главната сцена, и оваа година ќе биде организирана паралелна сцена со практични и hands-on работилници на најразлични теми кои ќе придонесат за раст на бизнисите. Работилниците ќе бидат фокусирани на конкретни алатки, стратегии, AI решенија, маркетинг, продажба, аналитика и оптимизација на online продажба, со цел учесниците да добијат применливо знаење и практични вештини што ќе можат веднаш да ги имплементираат во своето работење.

И оваа година, конференцијата ќе ги обедини сите клучни чинители од e-commerce екосистемот – е-трговци, банки, финтек компании, поштенски и логистички оператори, телекомуникациски компании, ИТ компании, маркетинг експерти, инвеститори и друго. Преку актуелни теми, практични искуства и светски трендови, учесниците ќе добијат нови знаења, инспирација и можност за квалитетен нетворкинг што отвора нови соработки и бизнис можности.

Повеќе информации за конференцијата се достапни на следниот линк: https://ecommerceconference.mk/ .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK