Рубио: Гренланд засега е дел од Данска


marko-rubiodepositphotos_874016482_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Гренланд засега е дел од Данска, нагласувајќи дека САД водат разговори со Данска и Гренланд за улогата на арктичкиот остров во заедничката одбрана.


Тој го опиша Гренланд како клучен елемент на противракетната одбрана и рече дека разговорите се движат во добра насока, најавувајќи можни позитивни резултати.

Изјавата доаѓа по формирањето нова влада во Данска, предводена од премиерката Мете Фредериксен,  додека министерот за надворешни работи Ларс Локе Рамусен останува главен соговорник на Копенхаген во контактите со Вашингтон.

Рубио исто така оцени дека претстојниот самит на НАТО во Хаг кон крајот на јуни би можел да биде еден од најважните во историјата на Алијансата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK