Трамп: На Блискиот Исток примирје е кога се пука на поумерен начин


depositphotos_785548124_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател, Доналд Трамп, даде необична дефиниција за поимот „примирје“, изјавувајќи дека во Иран тоа значи „да се пука на поумерен начин“.


„Тоа е поинаков дел од светот. Би рекол дека таму примирје е кога се пука на поумерен начин“, рече Трамп во Белата куќа, предизвикувајќи смеа кај присутните функционери.

Изјавата доаѓа во време на тензии меѓу САД и Иран, откако Иран ја нападна аеродромската инфраструктура во Кувајт, а продолжуваат и напорите за постигнување мировен договор.

Трамп изјави дека САД и Иран се „многу блиску“ до договор за завршување на војната и дека преговорите би можеле да завршат до крајот на неделата.

Во меѓувреме, американскиот Претставнички дом усвои претежно симболична мерка за прекин на војната со Иран, што медиумите го оценија како критика кон политиката на Трамп. Според написот, Трамп потврдил и дека во разговор го нарекол израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху „луд“, поради продолжувањето на воените операции во Либан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK