ЗНАМ не очекува измени во своите ресори при реконструкцијата на Владата


memov-znam.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЗНАМ не очекува никакви измени во делот на нивните ресори, изјави портпаролот на Движењето, Никола Мемов на денешната прес конференција. Тој беше прашан од новинарите дали министерот за правда, Игор Филков, ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Владата.


Мемов појасни дека партијата пред две години принципиелно влегла во преговори со ВМРО-ДПМНЕ врз основа на Програмската платформа, која е дел од владината програма, и дека нивното присуство во извршната власт не зависи од персонални решенија, туку од имплементацијата на проектите.

Според Мемов, партиските органи направиле евалуација и се задоволни од учинокот на нивните функционери. Тој додаде дека мерит-системот покажал оти ниту еден нивен функционер не отстапува од владините определби, кои се спроведуваат во перманентна координација со премиерот.

Мемов информираше дека консултациите меѓу претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, и премиерот Христијан Мицкоски се одвиваат на дневна основа, додека преговарачките тимови на двете партии се очекува кон средината на овој месец да ги разменат аргументите за претстојната реконструкција. Портпаролот децидно изјави дека ЗНАМ нема да бара други ресори, бидејќи договорот со ВМРО-ДПМНЕ е за трајна соработка за целиот четиригодишен мандат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK