Најновата комбинација на Кејт Мидлтон остави многумина импресионирани. Иако нејзиниот стил зависи од нејзината кралска титула, таа секогаш наоѓа начин да го разубави строгиот кодекс на облекување.
Кејт Мидлтон неодамна присуствуваше на забава по повод 125-годишнината од организацијата „Cancer Research UK“, која ги проучува малигните тумори и им дава поддршка на онколошките пациенти.
За таа пригода, принцезата од Велс одлучи да облече фустан кој зрачи со чиста елеганција, но исто така ја нагласува целата нејзина женственост на уникатен начин. Таа носеше струкирана креација од американската модна куќа Rodarte, која е украсена со нагласени рамена, како и безвременски дезен – точки.
View this post on Instagram
A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
Овој црвен модел е направен од свила и со својот добро осмислен крој, евоцира романтични спомени од модата од осумдесеттите години. Белата јака, ременот во иста боја и декоративниот цветен брош оставија посебен впечаток, бидејќи му дадоа на целиот изглед доза на ретро шарм.
Фустанот, кој чини околу 1.780 евра, привлече внимание и поради изборот на дизајнер. Наместо британски бренд, принцезата од Велс се одлучи за американска модна куќа.
Овој потег многумина го протолкуваа како нејзин личен избор, бидејќи членовите на кралското семејство обично избираат домашни дизајнери за посебни настани.
View this post on Instagram
Во секој случај, Кејт ја надополни комбинацијата со црвени чевли од Џанвито Роси, елегантна црвена чанта од модната куќа Миу Миу, како и накит со рубини и дијаманти.