Осум земји и два континента за 46 евра на ден: Како овој пар пропатува половина свет за „ситно“


zemja-planeta-depositphotos_280270482_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум земји, два континента, повеќе од 13.500 милји и безброј незаборавни искуства – и сето тоа за изненадувачки малку пари. Британецот Џастин Вејли и неговата партнерка Викторина успеаја да остварат лудо шестнеделно патување.


Тие ги посетија Летонија, Австрија, Обединетите Арапски Емирати, Малдивите, Бахреин, Јордан, Саудиска Арабија, Романија и Обединетото Кралство. Целата авантура ја поминаа со едно правило кое на прв поглед делува апсурдно: да потрошат најмногу 46 евра дневно за апсолутно сè.

Џастин е искусен патник од Велика Британија кој веќе има посетено дури 128 земји, па затоа добро знае како да планира ваква авантура.

„Минатата година не ни беше најдобра поради здравствени проблеми – заглавивме во рутина, ги изгубивме работите и стабилноста, па сакавме да се вратиме во светот и да си ја повратиме енергијата“, вели тој.

„Најдов исклучително евтини летови за Саудиска Арабија, а за малку ќе ги прескокнев Малдивите – мислев дека се прескапи. Потоа ја видов цената и ѝ викнав на Викторија веднаш да дојде и да погледне“, опишува тој како почнало сè. Потоа одлучиле да штедат и на другите трошоци.

„Почнавме да ги планираме рутите и постојано да додаваме нови места. Сè запишувавме за да го следиме буџетот“, додава тој.

На Малдивите успеале да заштедат дури и повеќе од очекуваното, а секако многу повеќе од она што луѓето вообичаено го трошат таму. Сместувањето со појадок ги чинело само 30 фунти од ноќ.

„Нуркавме, видовме ајкули и ги запознавме локалните луѓе. Убавината на Малдивите може да се доживее и без милионски буџет“, вели Џастин.

Незаборавни искуства имале и во Јордан и Саудиска Арабија.

„Вади Рум е едно од најубавите места на светот, а Саудиска Арабија целосно ги надмина нашите очекувања. Луѓето беа неверојатно љубезни“, опишува тој.

Како и обично, се појавиле и проблеми – еден возач на автобус одбил да помине низ свет град во кој немуслиманите немаат пристап. На крајот, ситуацијата ја решил еден таксист кој ги возел 11 часа низ планините за 100 евра.

Патувањето започнало на 23 јануари 2023 година, а завршило на 2 март. А крајната цена на авионските билети, благодарение на паметното планирање, запрела на неверојатни 284 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK