Таа носи неколку различни модели со кои ја најави летната сезона, а едноделниот костим за капење веќе си го најде патот до ИТ девојките.
Популарната манекенка и инфлуенсерка Бела Хадид редовно поставува нови модни трендови или, од друга страна, се поклонува на оние што штотуку доаѓаат и со тоа им дава популарност, а нејзините обожавателите само чекаат да видат што ќе влезе во светот на ИТ девојките.
View this post on Instagram
За време на Канскиот филмски фестивал во мај, Бела ја отвори сезоната на пливање и објави неколку фотографии на кои менуваше различни модели на костими за капење, најавувајќи ги трендовите што ќе ги видиме ова лето.
Во нејзината колекција, посебно внимание привлече луксузен едноделен костим за капење од модната куќа Прада со тенки прерамки, препознатливо лого и врзување на грбот, како и металик бикини од брендот Bikini Lovers и нежно розов со машни, кој внесува доза на романтика, потпишан од брендот Frankies Bikinis x Guizio.
View this post on Instagram
Таа комбинираше костими за капење со различни парчиња облека и дефинитивно ни понуди неколку стилови што ќе бидат популарни ова лето и во кои можете да најдете инспирација за одење на плажа.