На денешен ден пред 100 години е родена познатата американска филмска актерка и фотомодел Мерилин Монро.
Родена е во Лос Анџелес како Норма Џин Мортенсон и поголемиот дел од детството го поминала во 12 згрижувачки семејства и сиропиталиште. На возраст од шеснаесет години, се омажила за полицаецот Џејмс Доерти, а набргу потоа почнала да работи во фабриката на компанијата Radioplane, во сопственост на холивудскиот актер Реџиналд Дени.
Во фабриката, ја забележал воениот фотограф Дејвид Коновер, кој фотографирал американски жени кои придонесувале во воените напори, а Мерилин наскоро потпишала договор со агенцијата за модели The Blue Book.
Недолго потоа, таа потпиша краткорочни договори со филмските студија 20th Century Fox и Columbia Pictures и, по серија помали филмски улоги, потпиша договор со Fox кон крајот на 1950-тите. Со оглед на тоа дека нејзиното име Норма Џин Мортенсон не било доволно комерцијално, кон крајот на 1950-тите таа се одлучила за сценското име Мерилин, по бродвејската актерка Мерилин Милер, заедно со моминското презиме на нејзината мајка, и така 21-годишната Норма Џин Бејкер станала Мерилин Монро.
Таа беше позната по нејзината интерпретација на комичните ликови на „секси русокоси“, а во текот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите таа стана секс симбол и икона на сексуалната револуција од таа ера.
Во периодот на нејзината најголема популарност, таа беше најплатената холивудска актерка, а нејзините филмови заработија 200 милиони долари до почетокот на 1960-тите, што е еднакво на износ од 2 милијарди долари во 2024 година.
Мерилин Монро е најпозната по своите улоги во комедиите „Мажите претпочитаат русокоси“, „Како да се ожените со милионер“, „Принцот и принцезата“ и „Мнаки бизнис“. Врвот на нејзината кариера е улогата во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“, за кој го освои Златниот глобус за најдобра актерка.
фото/Depositphotos