Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона.
Реал не освои трофеј втора сезона по ред, последниот пат тоа се случи кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година, „кралскиот клуб“ не успеа да освои трифеј. Цехот го платија двајца тренери, а покрај нив, според претседателот Флорентино Перез, и други се виновни.
„Светското клупско првенство ни ја уништи сезоната. Немавме предсезона, а по три месеци имавме 28 повреди. Ја научивме лекцијата. Сакам да играм на Светското клупско првенство, но не и да ја фрлам целата сезона“, рече Перез.
Во овие две сезони, Барселона целосно доминираше во Шпанија. Освои две титули, Купот на Кралот и два Суперкупа на Шпанија. Сепак, Перез става сериозна дамка на тие успеси и истакнува зошто нема повторно да го видиме на Камп Ноу.
„Реков дека Реал Мадрид и Барса треба да си помагаат еден на друг. Ако Барселона беше нормален клуб, зошто не би соработувале? Но, потоа откривме дека го плаќале потпретседателот на судиската организација 20 години. Тоа сè промени и никогаш нема да се вратам на „Камп Ноу“. А што направија Федерацијата и Ла Лига? Ништо, двете организации прикриваа и не се занимаваа со оваа тема“.
На крајот, тој изјави дека неговиот клуб е убедливо најдобар кога станува збор за Лигата на шампионите.
„Не треба да лудуваме. Идејата дека можете да ја освоите Лигата на шампионите секоја година е апсурдна. Но, да освоите шест трофеи за 10 години е нешто што никој досега не го направил“.