Со лажен профил на 14-годишно девојче мамеле мажи, па ги снимале и ги терале да кажат дека се „педофили“


tastatura-kompjuter.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Битола поднесе кривична пријава против шест лица од Битола, меѓу кои и еден малолетник, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.


Од февруари 2025 година, осомничените дејствувале организирано како група и преку креирани профили на социјалните мрежи користеле лажен профил претставувајќи се како 14-годишно девојче. На тој начин воспоставувале комуникација со машки лица и договарале средби на повеќе локации во Битола.

Откако оштетените ќе пристигнеле на договорените места, биле пресретнувани од членовите на групата, снимани без нивна согласност, навредувани, омаловажувани и психички малтретирани.

Според наводите во пријавата, тие биле принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, по што видео-снимките и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјалните мрежи.

Со ова, членовите на групата предизвикале сериозно чувство на страв, понижување и загрозување на личната сигурност кај оштетените граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK