Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија


nato-depositphotos_480968296_l.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАТО се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галати.


Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри во станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK