Пол Макартни откри како „Битлси“ го добиле името


bitlsi-depositphotos_760345678_l-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Музичката легенда Сер Пол Макартни во интервју за „ББС Радио 2“ откри помалку позната приказна за тоа како групата „Битлси“ (The Beatles) го добила своето име, признавајќи дека сè настанало поради едно големо недоразбирање. Тој објасни дека со Џон Ленон биле огромни обожаватели на групата на Бади Холи, „Крикетс“ (The Crickets), чие име целосно погрешно го проtolкувале, мислејќи дека има двојно значење – и за инсектот (штурец) и за истоимениот спорт.


Инспирирани од оваа „игра на зборови“, Ленон и Макартни го смислиле името „The Beatles“ како комбинација од зборовите „beetles“ (бубачки) и „beat“ (ритам). По неколку години, Макартни се запознал со членовите на „Крикетс“ и им открил дека тие биле инспирацијата, но на негово изненадување, тие му признале дека името на нивниот бенд никогаш не било замислено како игра на зборови. Иронично, едно од имињата за кои самите „Крикетс“ своевремено размислувале било токму „The Beetles“.

Во интервјуто, Макартни се присети и на своите почетоци, нагласувајќи дека песната „Be-Bop-A-Lula“ на Џин Винсент целосно му го променила погледот на музиката во време кога рок-ен-ролот дури пробивал на сцената. Тој се осврна и на односот со Џон Ленон, истакнувајќи дека по распадот на бендот во седумдесеттите се оддалечиле, но повторно се зближиле пред убиството на Ленон, што денес му носи голема утеха. Говорејќи за култната песна „Imagine“, Макартни ја опиша како магична и прекрасна визија за светот.

Фото: Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK