Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за европската иднина


bogdanka-kuzeska-pres-za-referendum.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум.


Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту за организирање референдум, обвинувајќи дека пари има само за, како што рече, криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тендери, додека нема за повисоки плати, минимална плата од 600 евра, мерки и субвенции за земјоделците.

Кузеска истакна дека цената на погрешните политики ја плаќаат граѓаните, семејствата и младите, додека по две години власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, состојбата е сè полоша – платите стагнираат, цените дивеат, а младите сè повеќе ја гледаат иднината надвор од државата.

Таа обвини дека владејачката партија лажела за Преспанскиот договор и враќањето на името, а денес лаже дека е загрозен македонскиот идентитет. Според неа, единственото нешто што е загрозено е иднината на децата, додавајќи дека власта не сака ЕУ бидејќи таму има правда и одговорност за криминал и корупција.

Портпаролката на СДСМ додаде дека како мајка на две деца не може да прифати родителите со солзи во очите да ги испраќаат своите деца на аеродромите и побара на граѓаните да им се овозможи преку референдум да кажат дали сакаат да ја плаќаат цената на политиките на Мицкоски или сакаат европска иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK