Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез, минува низ емотивни моменти додека се подготвува за голема животна пресвртница – заминувањето на нејзините 18-годишни близнаци од дома. Лопез не успеа да ги задржи солзите зборувајќи за тоа дека нејзините деца, Еме и Макс, се подготвуваат за факултет и за преселба од семејниот дом, пишува „Дејли мејл“.
За време на гостувањето во емисијата кај Џими Кимел, Лопез беше видно трогната додека зборуваше за соочувањето со таканаречениот „синдром на празно гнездо“. Таа објасни дека близнаците ќе студираат на различни факултети и дека самата ќе им помага при преселбата во студентските домови. Актерката призна дека долго време мислела оти лесно ќе го поднесе овој момент бидејќи сака нејзините деца да ги следат своите големи соништа, но емоциите целосно ја совладале пред два месеци кога требала да напише порака за нивниот училишен годишник.
Со заминувањето на факултет, Еме и Макс ќе ја напуштат семејната луксузна вила вредна 18 милиони долари, со што официјално завршува нивното безгрижно детство и започнува ново, самостојно поглавје во нивните животи.