Млад полицаец излажал дека возилото на брат му е на МВР за да не плати казна за погрешно паркирање


policaec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Млад полицаец сакал да го спаси сопствениот брат од плаќање казна за незаконско паркирање. Тој излажал дека возилото на брат му е на МВР за да не плати казна.


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до обвинителството Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“.

И.Д., на работно место „помлад полицаец“, на 23 мај, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на автомобил „ауди“, сопственост на неговиот брат, при што во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.

Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со намера брат му да не плати казна.

Против полицаецот ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK