Позната по своите прекрасни облини и фактот дека обожава да го покажува своето тело, Сидни Свини повторно ја разгори имагинацијата на многумина. Таа на Инстаграм објави дека наскоро излегува нова колекција долна облека од нејзиниот бренд „SYRN“, и тоа го направи на многу провокативен начин.
Свини објави жешко видео на гореспоменатата мрежа кое открива многу – за почеток, нејзината витка фигура.
View this post on Instagram
Овој промотивен материјал ја покажа популарната актерка во атрактивни пози, но вниманието на јавноста сепак беше насочено кон парчињата облека. Или поточно, различните модели на долна облека што наскоро треба да бидат достапни за јавноста.
Судејќи според описот на ова видео, Сидни имаше посебна причина за својата нова колекција.
„Го славам месецот на мојот роденден со новата колекција @syrn…“, напиша актерката, додавајќи дека колекцијата ќе биде достапна на 1 септември.
View this post on Instagram
Како и претходно, оваа објава на Инстаграм предизвика голем број коментари и реакции од светот, а повеќето ѝ кажаа дека таа е моментално најсексипилната актерка во светот.