Легендарниот Аргентинец Анхел Ди Марија во интервју за Би-Би-Си изјави дека Луј ван Гал го натерал да го мрази Манчестер Јунајтед и животот на „Олд Трафорд“.
Ди Марија истакна дека Луј ван Гал секогаш секогаш му ги потенцирал лошите работи, никогаш не го истакнал она шшто било добро во играта на Ди Марија.
„Сè започна многу добро. Потоа започнаа проблемите со Ван Гал и сè се распадна“, вели Ди Марија.
Кај како Гал, Ди Марија играше на неколку позиции, во средниот ред, како десертка и на крилата. Холанѓанецот веруваше дека Ди Марија не ги исполнува задачите што му ги поставил. Ова доведе до чести расправии, а сè ескалираше по обидот за грабеж на куќата каде што Ди Марија беше со своето семејство во тоа време.
Анхел Ди Марија се приклучи на Јунајтед во август 2014 година за тогаш рекордни 59,7 милиони фунти. Тој потпиша петгодишен договор. Во првите шест натпревари, Аргентинецот постигна три гола и запиша четири асистенции, но на крајот од сезоната го напушти клубиот.
„Како што реков, започна навистина добро. Но, потоа одеднаш почнавме да имаме чести состаноци каде што зборувавме само за работите што не ги правев добро на теренот. Тој никогаш не ми кажуваше што правам добро, само за негативните работи. Повторно и повторно. На крајот „ми пукна филмот“.
И тоа не беше единственото нешто што не му се допадна кога дојде во Манчестер од Мадрид:
„Животот во Англија е различен, многу рано се стемнува и е ладно. Сè е како лавина од снежни топки. А потоа се случи и тој обид за грабеж. Кога сето тоа се случува, кога не играш, кога работите не одат добро, кога проблемите се натрупуваат во клубот, на крајот тоа многу влијае на тебе. Стигнав до точка каде што почнав да го мразам фактот дека сум тука“, искрено рече Ди Марија.
„И во Париз бев ограбен, но сепак останав две или три години. Сè беше лошо во Манчестер и сакав моето семејство да ми биде приоритет, па затоа си заминав.“
Беше март кога Ван Гал почна да го изоставува Ди Марија од составот. Потоа следеа неколку мали повреди и изоставувањето во дуелот против Арсенал во ФА Купот. На крајот од сезоната, за Ди Марија беше завршено.
Не се појави на подготовките и на крајот замина во Пари Сен Жермен за 44,3 милиони фунти.
„Тој рече дека едноставно не сум се појавил на почетокот на подготовките. Но, веќе го информирав клубот претходно дека си заминувам и дека нема да се вратам пред почетокот на следната сезона. Останав во Росарио додека не се склучи договорот со Пари Сен Жермен.
Но, кога станува збор за Премиер лигата, атмосферата, животот во клубот, искрено – остави многу добар впечаток врз мене бидејќи имаше добри луѓе во клубот кои секогаш беа добри кон мене и ме поддржуваа и ми помагаа. Благодарен сум за тоа.
На крајот, тоа беше одлуката што сакав да ја донесам. Сакав да дојдам во Јунајтед. Фудбалот, пристигнувањата на стадионот, атмосферата, љубовта на навивачите – никогаш нема да заборавам ништо од тоа. Беше неверојатно кога дојдов“, вели Ди Марија.
Кога беше прашан за Ди Марија, Ван Гал постојано повторуваше дека не побарал Аргентинецот да дојде, дека тоа била одлука на клубот и дека ја сметал за грешка од самиот почеток.
Понатаму, Холанѓанецот постојано истакнуваше дека има визија и структура во која секој играч добива специфична улога и барања што мора да ги исполни. Се вели дека се обидел да го вклопи Ди Марија на неколку позиции во тимот и дека не бил ефикасен на ниту една од нив.
Foto/ Depositphotos