Нема да има промена во квалификацискиот систем за пласман на ЕУРО 2028.
Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи, секоја група ќе содржи четири или пет национални селекции. Победниците (12) и осумте најдобри второпласирани одат на Европското првенство.
Домаќините на првенството Англија, Република Ирска, Шкотска и Велс ќе учествуваат во квалификациската групна фаза, но ќе бидат во посебни групи.
Две места на завршниот турнир се резервирани за двете најдобро рангирани земји домаќини, а оние што нема да се квалификуваат како победници на групите или меѓу осумте најдобри второпласирани ќе влезат во плејофот.
КОГА Е ЖРЕПКАТА?
Датумот на ждрепката не е познат, таа ќе се одржи откако ќе заврши фазата по групи во на Лигата на нации.
Шешрите ќе бидат дефинирани врз основа на успехот во Лигата на нации.
КОГА СЕ ИГРА
Квалификациите за ЕУРО 2028 ќе се играат од март до ноември 2027 година, низ десет кола.
Плејофот е закажан за крајот на март 2028 година, се игра вполуфинале и финале.