Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и подружницата на Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, денеска се спроведува акција во Арачиново за откривање и одземање на украдени огревни дрва.
Информацијата ја објави Кире Михаилов на социјалните мрежи, посочувајќи дека акцијата е во тек.
Засега нема официјални детали за количината на одземените дрва ниту дали има приведени лица.