Поставување контејнери за селекција на текстилен отпад низ општина Гевгелија


thumbnail-11-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија, во соработка со Тексомак ДОО Скопје, постави контејнери за селекција на и одлагање текстилен отпад на повеќе локации во градот, со цел поттикнување на правилно управување со отпадот и заштита на животната средина.

Контејнерите се поставени на следните локации:


– гаражата на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија (пред Технички преглед);

– ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија;

– дворното место на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија (влезот кај малата сала).

Преку оваа активност, граѓаните добиваат можност за полесно и правилно одложување на текстилниот отпад, како што се:

облека, перници, јоргани, капи, шалови, пешкири, постелнини и текстил на метража.

Општина Гевгелија апелира до граѓаните текстилниот отпад да го одложуваат спакуван во пластични ќеси, со цел да не се оштети при транспортот и складирањето.

Со поставувањето на контејнерите се придонесува кон создавање почиста, поздрава и поодржлива животна средина за сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK