Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Пријавените, кои се полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 година околу 03:00 часот при вршење на службени дејствија употребиле прекумерна физичка сила и му нанеле повреди на лице лишено од слобода.
Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.