Шпекулациите за можното враќање на Мануел Нојер во германската репрезентација пред Светското првенство беа главна тема во локалните медиуми во последните денови, а сега пристигна потврда од добро информирани извори.
Според познатиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, селекторот Јулијан Нагелсман донел одлука да ја врати легендата на Баерн во националниот тим.
Плетенберг тврди дека Нагелсман му се јавил на Оливер Бауман и му рекол дека смета на Нојер како прв голман на Светското првенство, под услов состојбата на повредата на листот да не се влоши. Разговорот морал да биде телефонски бидејќуи Бауман со семејството се наоѓа на одмор, во Палма де Мајорка.
Таквиот исход го разочарал Бауман, кој бранеше во сите квалификациски натпревари за СП и со право се надеваше дека че биде број 1 на турнирот во САД, Мексико и Канада.
И покрај разочарувањето, голманот на Хофенхајм му рекол на селекторот дека прифаќа да биде резерва и да патува на првенството како втора опција.
Плетенберг додава дека конечните разговори и детали за улогата на Нојер во репрезентацијата ќе бидат дефинирани во текот на денешниот и утрешниот ден.
Официјалниот список од 26 играчи за селекторот на Светското првенство Нагелсман треба да го објави во четврток.
Германците ќе го одиграат својот прв натпревар на Светското првенство против Курасао на 14 јуни во 19 часот.
Foto/ Depositphotos