Руски пратеник: Мора што поскоро да ја завршиме специјалната воена операција


Depositphotos_563384242_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преставникот на руската државна дума од регионот Новосибирск и член на Комунистичката партија на Руската Федерација, Ренат Сулејманов, изјави дека Русија мора „што поскоро да ја заврши специјалната воена операција во Украина“, бидејќи руската економија „нема да преживее долгорочна специјална воена операција“.


Сулејманов го изјави ова во интервју за порталот од Новосибирск, Континент Сибири. Според него, дури 40 проценти од федералниот буџет оди за одбрана и безбедност, што го попречува развојот и инвестициите.

„Тенковите и гранатите немаат потрошувачка вредност: економијата ги произведува, но населението не може да ги користи. Тоа се чисти трошоци. Да, тие ја одржуваат вработеноста и платите во одбранбениот сектор и служат како еден вид двигател на економијата. Но, во исто време, тие ја стимулираат инфлацијата и ги истиснуваат другите потробувања, општествената потрошувачка и инвестициите“, предупреди тој, пренесува Медуза.

„Проблемите нема да станат помали“
„Затоа брзото завршување на специјалната воена операција е едноставно неопходно. Специјалната воена операција веќе траеше подолго од Втората светска војна. Ако даде Бог, ќе заврши со победа, а не со некое полурешение“, додаде тој.

Тој истакна дека донесувањето буџет со намалени воени трошоци „нема да биде ни блиску до најтешкиот дел од проблемот“. „Што ќе се случи со луѓето вработени во одбранбената индустрија? Со сите што сега се под оружје? Милион луѓе ќе се вратат во цивилен живот. Каде се работните места, пристојните плати и социјалната реинтеграција? Проблемите нема да станат помали“, предвидува Сулејманов.

„Со ова доаѓа и прашањето за обнова на нови територии. Го видов Мариупол во 2022 година и Херсонската област во 2023 година. Нема повеќе куќи, нема советски систем за наводнување. Реконструкцијата започна, но ќе бара огромни буџетски трошоци во иднина“, истакна тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK