По подолг период на студено време што зафати голем дел од Европа, во следните денови се очекува нагол пораст на температурите. Потопол воздух од југ ќе навлезе кон западна и централна Европа, па во Франција и Англија температурите би можеле да се зголемат и до 15 степени.
Претходната недела студен бран од Арктикот ги спушти температурите значително под просекот, а мразот предизвика штети во земјоделството. Во Франција лозарите дури палеа оган за да ги заштитат насадите. Беа забележани и околу 750.000 удари од гром низ Европа.
Во Шпанија и Португалија температурите би можеле да достигнат околу 30 степени.
Слични екстреми има и во САД, каде топол воздух на северозападот се заменува со студен бран и зимска бура со обилни снежни врнежи. Во некои делови се очекуваат и до 46 см снег и силни ветрови, пишува „Гардијан“.
На југозападот постои зголемен ризик од пожари, а на истокот од САД се очекуваат силни грмотевици и можност за торнада.