Наполи, на коло до крајот на сезоната, го потврди своето место во Лигата на шампионите за следната сезона. Наполитанците славеа кај Пиза со 3:0 и го обезбедија второто место на табелата.
Пласманот на Наполи во Лигата на шампионите, автоматски ја активираше откупната клаузула за Расмус Хојлунд (23). „Небесно сините“ ќе треба да му исплататат 44.000.000 евра на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“, за Хојлунд, на Аталанта и платија астрономски 80.000.000 во летото 2023 година. Момчето од Копенхаген постигна 15 гола и забележа осум асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања, што ја прави оваа сеозна најдобра во неговата кариера.
Тој „процвета“ откако се пресели во Серија А, исто како и Скот МекТомини.
Овие двајца се најдобрите стрелци на тимот од југот на Италија. Шкотскиот играч од средниот ред постигна 14 гола.
Foto/ Depositphotos