Измамена жена во Градско, ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и дека за операција се потребни 240.000 денари. Жената ги однела парите пред болница и ги дала на женско лице, а подоцна сфатила дека е измамена.
Според информациите на МВР, вчера во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница.
Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.