Иранскиот потпретседател Мохамед Реза Ареф изјави дека Иран по ниедна цена нема да се откаже од Ормутскиот Теснец, додавајќи дека тој отсекогаш бил дел од иранската сфера.
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Техеран не поставил никакви пречки за пловидба низ теснецот и ги обвини САД дека предизвикуваат тензии во регионот.
Според иранските медиуми, околу 30 бродови поминале низ теснецот од средата навечер во координација со иранската морнарица.