Потпишан Меморандум за соработка меѓу РСБСП и АВМУ за зголемување на безбедноста во сообраќајот


img_9981-1024x576-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, и Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, денеска потпишаа Меморандум со кој се воспоставува институционална рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајоти јакнење на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот.


„Со Меморандумот се предвидува соработка на двете институции при реализација на информативни и едукативни кампањи, координирани иницијативи и активности за подигање на јавната свест, со цел намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди и унапредување на заштитата на животот и здравјето на граѓаните“, велат од РСБСП.

Посебен фокус ќе биде ставен на развивање и унапредување на сообраќајното образование, сообраќајно-превентивната работа, иницирање мерки за поголема безбедност на патиштата и улиците, следење и анализа на состојбите во сообраќајот, како и поддршка на кампањи за подигнување на јавната свест за безбедно однесување во сообраќајот.

Меморандумот се темели на законските надлежности и обврски на двете институции кои произлегуваат од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми, Законот за безбедност на сообраќајотна патиштата и другата релевантна законска и подзаконска регулатива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK