Минеоста го изедначи резултатот во серијата со Сан Антонио Спарс на 2:2, додека Њујорк ја „исметлаа“ Филаделфија и со 4:0 се пласираа во финалето на Истокот.
Минесота со 114:109, на домашен терен го победи Сан Анттонио.
Дуелот го обележа исклучувањето на Виктор Вембањама, кој дри со лакт играч на Минесота. Поради ова, францускиот кошаркар помина само 12 минути на теренот.
Нез Рид и Џејден МекДениелс успеаја да го провоцираат Вембањама, кој наседна на сето тоа и во текот на втората четвртина го удри со лакт ривалот, поради што веднаш беше исклучен од натпреварот.
Овој потег дополнително ја разгоре борбата на теренот, па гледавме вистинска борба од двете страни на паркетот, каде што тимот на Минесота се снајде подобро.
Фокс и Харпер беа најефикасни за Спарс со по 24 поени, додека Едвардс се истакна со 36 поени за Минесота, Рид, кој го започна натпреварот од клупата, постигна 15 поени, а МекДениелс имаше еден поен помалку.
Status alert: Victor Wembanyama has been ejected Sunday after being assessed a Flagrant 2 foul. pic.twitter.com/G02YylonQE
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) May 11, 2026
Њујорк Никс, уште еднаш убедливо славеа на теренот во Филаделфија. Победија со 144:114 и со чисти 4:0 се пласираа во конференциското финале.
Никс, во Филалделфија, уриваа рекорди. Го отворија натпреварот со нереален шут, погодија дури 11 тројки од првите 12 обиди.
Овие 11 шутеви надвор од линијата од 7,24 метри се нов НБА рекорд во ерата на плејофот под овој формат. Никси продолжија, во истиот ритам до крајот на првиот дел. Погодија 18 тројки во првото полувреме, го изедначиа претходниот рекорд по бројот на тројки во првото полувреме – 18.
На полувреме, резултатот беше 81:57, што беше подносливо во споредба со 122:83 на крајот од третиот период.
Додека беа на паркетот, најефикасни во победничкиот табор беа Мајлс Мекбрајд со 23 поени и седум тројки од девет обиди, односно Џејлен Брансон со 22 поени и тројки 6/10.
Во тимот на Филаделфија се истакна само Џоел Ембиид, со 24 поени и пет скока.
Во финалето на Истокот, Њујорк ќе го чека исходот од серијата меѓу Детроит и Кливленд, во која Пистонс водат со 2-1.