Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, попладне услови за пороен дожд


DSC_7410.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.


Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK