Британскиот разурнувач „HMS Dragon“ се префрла кон Блискиот Исток поради зголемени тензии околу Ормутскиот теснец


Двајца-американски-морнари-исчезнаа-во-близина-на-брегот-на-Сомалија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот воен брод „HMS Dragon“ се префрла од источниот Медитеран кон Блискиот Исток, во услови на зголемена загриженост за безбедноста на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.


Од британското Министерство за одбрана соопштија дека ова распоредување ќе овозможи бродот веднаш да се вклучи во евентуална заедничка меѓународна мисија за заштита на слободата на пловидбата низ една од најважните светски поморски рути.

Во соопштението се нагласува дека секоја идна операција би имала исклучиво одбранбен карактер и цел да ја зголеми сигурноста на трговските бродови кои минуваат низ регионот.

Во март, истиот разурнувач беше ангажиран во источниот Медитеран за заштита на британските воздухопловни бази на Кипар, по напад со дрон врз базата RAF Akrotiri.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK