Општина Струмица успешно ја реализираше овогодишната еколошка акција за чистење отпад „Генералка Викенд 2026“, која се спроведе во дворовите на основните училишта во градот Струмица, како и на повеќе локации низ градот, во соработка со ЈПКД „Комуналец“ и учениците од СОУ „Јане Сандански“.
Во рамки на акцијата се чистеше на следните локации:
улицата кај Агрокор,
улицата „Цветан Димов“,
просторот околу стадионот и внатре во самиот стадион,
улицата „Климент Охридски“,
влезот во градот од страната на Валандово, во близина на Жито Струмица.
„Генералка Викенд 2026“ е една од активностите што Општина Струмица ги реализира со цел подигнување на јавната свест за значењето на собирањето и рециклирањето на отпадот, како и за зачувување и унапредување на животната средина.
The post Општина Струмица успешно ја реализираше акцијата „Генералка Викенд 2026“ appeared first on Општина Струмица.