Семејни врски, партиски активист и тендер од 236 илјади евра: ДУИ обвинува за нов скандал во МЕПСО


mepso.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари, велат од ДУИ.


„Компанијата “ Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите.

Она што го прави случајот уште поскандалозен е фактот што еден од сопствениците на компанијата, Шабан Шефки, јавно се појавува како активист и поддржувач на ВЛЕН и Изет Меџити, додека договорот го потпишува директорот на МЕПСО, Бурим Латифи прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанијата од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за 6 милиони евра.

МЕПСО веќе е во центарот на јавноста по скандалот со далноводот кон Албанија, каде државата треба да плати милионска штета.

Додека граѓаните се соочуваат со економска криза и високи цени, луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра.

ДУИ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство веднаш да отворат постапка и да истражат дали зад овој тендер стои организирана шема за извлекување на јавни пари.

Граѓаните заслужуваат институции, а не партиски и семејни каси“, се додава во партиското соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK