(Видео) Пукање кај Белата куќа; Тајна служба: Застрелавме осомничен


13755688.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во понеделник во Вашингтон се случи пукање во кое безбедносните сили ранија „сомнително лице“.


Американската тајна служба потврди дека нејзини агенти биле на местото на настанот во близина на Белата куќа, која накратко била затворена попладнето, пренесува Ројтерс.

Тајната служба првично објави на социјалните мрежи дека нејзините агенти биле на местото на пукање на раскрсницата на 15-та улица и Авенијата Independence.

„Едно лице беше повредено од страна на полицајците, а неговата состојба е непозната во овој момент“, се вели во соопштението. Подоцна се додава дека инцидентот е „резултат на конфронтација меѓу вооружено лице и полицајци на Тајната служба“.

И градската полиција на Вашингтон, потврди дека се на местото на настанот и вршат истрага. „Местото на настанот е безбедно. Избегнувајте ја областа бидејќи патиштата ќе бидат затворени неколку часа“, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK