Не ги преиспитуваме пресудите, постапуваме по закон, велат од Министерството за правда за случајот со Груевски


nikola-gruevski.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за правда соопшти дека постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори во однос на случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и дека се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање.


Од Министерството наведуваат дека собирањето информации од надлежните судови има цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување.

„Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив“, се наведува во соопштението.

Воедно, од таму посочуваат дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.

Министерството додава дека останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK