СДСМ соопшти дека не се чувствува загрозена од Левица, оценувајќи дека партијата не претставува опасност ниту за нив, ниту за кој било друг политички субјект.
Од партијата посочуваат дека во држава во која 77 отсто од граѓаните се за Европската Унија и 72 отсто го поддржуваат НАТО, анти-ЕУ, анти-НАТО и проруски ориентирана партија не може да биде закана за СДСМ.
Според СДСМ, Левица е создадена да остане „вечна опозиција“, а нејзиниот најголем политички домет, како што наведуваат, може да биде коалиција на локално ниво.
„СДСМ продолжува да се бори за европска иднина на Македонија, а не за пропаганда и антиевропски политики. Доаѓа времето на вистината“, порачаа од партијата.