„На денешниот ракометен натпревар Македонија-Израел, претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на знамето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец!“, извести партијата Левица.
„Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување на кривично дело или прекршок – тој беше грубо оттурнат и со лисици однесен во полициска станица. Во целиот чин, ниту еден од полициските службеници не се легитимираше.
И додека на ДПМНЕ и на министерот Панче Тошковски им “се провлекуваат“ и им бегаат вистински криминалци, полицијата под негова надлежност ревносно демонстрира сила врз млади луѓе кои не направиле ништо освен што изразиле човечност.
Левица ќе ги преземе сите расположливи правни и институционални механизми за овој скандал. ДПМНЕ денес апси за знаме, утре ќе апси за мисла!“, наведуваат од Левица.