ССНМ и ЗНМ со крводарителска акција за 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите


krvodaritelska-akcija-daruvanje-krv-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија на 29 април 2026 година организираат доброволно дарување крв на новинарите и медиумските работници.


„Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите свои членови, но и поддржувачи и пријатели, да се вклучат и да помогнат во собирање на најскапоцената течност.

Главната крводарителската акција ќе се реализира на 29.04.2026 во периодот од 08:00 до 14:00 часот во просториите на дневниот центар на Црвениот крст на град Скопје (улица: 11 Октомври 42а, 1000 Скопје, Македонија), а на истата локација во 10:00 часот ќе биде одржана и прес конференција на претставниците на ССНМ и ЗНМ, на Црвениот крст и на делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Освен во Скопје новинарите и медиумските работници крв ќе даруваат и во Битола, Гостивар, Охрид, Кочани, Струмица и Штип“, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK