Со нови 215.000 садници, Халкбанк и оваа сезона ја продолжува иницијативата „Еден милион садници за 5 години“


IMG_7281
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со ЈП Национални шуми, денеска, по повод Денот на планетата земја, реализираше нова, значајна акција за пошумување со активно учество на вработените од Банката и стручни претставници од јавното претпријатие.

Акцијата е насочена кон ревитализација на опожарени површини, со цел повторно оживување на оштетените подрачја, обновување на шумскиот фонд и зголемување на зеленилото. Преку вакви активности се придонесува кон зачувување на природните ресурси, подобрување на квалитетот на воздухот и создавање поздрава животна средина за идните генерации.


Ова пошумување е дел од долгорочната иницијатива на Халкбанк „Еден милион садници за 5 години“, за која кон крајот на 2024 година беше потпишан договор за соработка со ЈП Национални шуми. Со ваквиот стратешки проект Банката ја потврдува својата определба за конкретни и одржливи еколошки инвестиции, насочени кон обновување на шумските екосистеми низ земјата.

За оваа сезона од годината,  предвидено е пошумување на 80 хектари површина, со вкупно 215.000 садници од различни видови дрвја, како црн бор, багрем, јасен, јавор и други, внимателно избрани согласно почвените, климатските и хидрографските услови на секоја локација.

Планираните локации за пошумување за оваа сезона се на подрачјата на Струмица, Делчево, Скопје, Кичево и Гостивар.

Иницијативата „Еден милион садници за 5 години“ претставува природно продолжение на веќе воспоставената зелена платформа ХалкЕко, преку која Халкбанк во изминатите години реализираше низа еколошки активности и засади повеќе од 100.000 садници низ државата. Со новата амбициозна цел, Банката прави дополнителен чекор кон создавање позелена и поодржлива иднина.

 „Грижата за животната средина не е еднократна активност, туку долгорочна обврска и вредност што ја живееме како компанија. Со секој нов садник со кој практично го зголемуваме годишниот фонд на Национални Шуми,  инвестираме повеќе зо почист воздух, поздрави заедници и подобра иднина, а денешната акција е уште еден чекор во остварувањето на таа цел. Горди сме што преку партнерството со ЈП Национални шуми нашата иницијатива „Еден милион садници за 5 години“ добива конкретни резултати на терен“, велат од Халкбанк.

Халкбанк останува посветена на развојот на општествено одговорни практики и проекти кои носат долгорочна вредност за граѓаните, заедницата и природата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK