Скок на цените на нафтата во Азија: зголемување поради најавата на Иран за блокада на пристаништата


nafta-depositphotos_11899752_l.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цените на нафтата на пазарите во Азија денес скокнаа за четири проценти, откако Иран објави дека нема повторно да го отвори Ормускиот теснец поради американската поморска блокада на иранските пристаништа, и покрај продолжувањето на прекинот на огнот.


Веднаш по полноќ, референтната цена на американската нафта „Вест Тексак Интермедијар“ се зголеми за 4,06 проценти, на 96,73 долари за барел, објавува Гардијан.

Меѓународната референтна цена на нафтата „Брент“ од Северното Море се зголеми за 3,62 проценти на 105,63 долари, а цените на двата вида нафта се намалија неколку минути подоцна.

Фјучерсите за сурова нафта „Брент“ денес пораснаа на азискиот пазар за дополнителни 1,3 проценти, на 103,18 долари за барел, откако скокнаа за 3,5 проценти преку ноќ и повторно ја преминаа цената над 100 долари, објавува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK