Најмалку две лица се убиени, едно е исчезнато, а осум се повредени во рускиот напад врз градот Днепар во централна Украина, соопштија регионалните власти во четврток.
„Две лица се убиени, а осум се повредени. Едно лице сè уште се води како исчезнато“, напиша регионалниот гувернер Олександр Гања на Телеграм откако руски воздушен напад рано наутро во четврток предизвика серија пожари во станбена зграда во Днепар.
Индустрискиот град Днепар е оддалечен повеќе од 100 километри од линијата на фронтот што минува низ источна и јужна Украина. Днепар беше цел и на руски напади на 14 април, кога беа убиени четири лица.
Разговорите меѓу Киев и Москва, посредувани од САД, се во застој од почетокот на војната на Блискиот Исток, што го одвлече вниманието на Вашингтон од војната во Украина.