Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес (43), ги намали шпекулациите за интересот на Реал Мадрид за неговите услуги. Хенес ова го изјави пред утрешниот полуфинален натпревар од Купот на Германија против Фрајбург.
„Воопшто не ме интересира тоа во моментов“, изјави Хенес на прес-конференција, додавајќи дека е фокусиран на последниот дел од сезоната, бидејќи тимот се стреми да го одбрани минатогодишниот Куп и да обезбеди место во Лигата на шампионите преку Бундеслигата.
„Иста процедуар како и секоја година, би рекол. Мислам дека од време на време разговаравме за овие теми во последната фаза и мислам дека одговорите секогаш беа релативно јасни. Не дозволив да се појават никакви сомнежи“, додаде тој.
„Билд“ објави дека Хенес се разгледува меѓу опциите на Реал Мадрид во потрагата по замена за Алваро Арбелоа.
Исто така, се шпекулира дека Пеп Гвардиола би можел да го напушти Манчестер Сити, а менаџерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, би бил во искушение да се врати во Премиер лигата.
Хенес, поранешен тренер на резервниот тим на Баерн, би бил очигледен кандидат на „Алијанц Арена“ доколку местото стане слободно, со оглед на неговите успеси со Штутгарт, меѓу кои и второто место во Бундеслигата во 2024 година.
Foto/ Depositphotos