Филков: Зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството


21.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска се одржа третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството.


„Како Министерство за правда, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа. Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите“, истакна министерот за правда Игор Филков.

Особено е важно, додаде тој, што денеска, како што рече, се заокружени клучните процеси за функционирање на Советот за следење на реформите во правосудството.

„Донесовме Деловник за работа, а Методологијата за следење и евалуација на Секторската стратегија за правосудство 2024–2028 година беше усвоена едногласно. Со тоа поставуваме цврста основа за поголема ефикасност, транспарентност и отчетност во следењето на реформските процеси.

Нашиот фокус останува на конкретни резултати, особено на мерките со рок до јуни 2026 година.

Ќе продолжиме со интензивна работа, во партнерство со сите релевантни институции, меѓународната заедница и експертската јавност“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK