Бил Гејтс, милијардер и основач на „Мајкрософт“, и неговата партнерка Паула Херд присуствуваа на настан во Лос Анџелес, а според медиумите, ова е нивно ретко појавување во јавноста.
Бил Гејтс и Паула Херд се појавија на црвениот тепих на 12-то доделување на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес и ги изненадија сите присутни со овој потег. Имено, ова е прво појавување на американскиот милијардер во јавноста по скандалот со досиејата на Епстин во кои тој е споменат.
View this post on Instagram
Се чини дека на Бил му била потребна поддршка на црвениот тепих, а за оваа пригода ја поканил својата сакана Паула Херд, со која ретко се појавува на големи настани. За време на фотосесијата, двојката се однесуваше како врската на Бил со озлогласениот Џефри Епстин да не им влијаела на животите, а цело време се смееле за време на вечерната забава.
Вљубените одлучија да носат црни комбинации за оваа пригода – Бил избра класичен црн костум, додека неговата сакана носеше црн макси фустан украсен со минимализам, но и со еден многу едноставен детаљ – златна шнола. Не треба да се изостави ниту дискретното деколте кое само малку ги истакнуваше нејзините гради.