Хаџи официјално е селектор на Романија


13918240.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот сојуз на Романија, попладнево објави дека го назначил Ѓеорѓи Хаџи за нов селектор на сениорската репрезентација.


Според извештаите, Извршниот комитет на Романската фудбалска федерација го потврдил предлогот на Техничката комисија, а Хаџи се враќа откако ја водеше репрезентацијата во четири натпревари во 2001 година.

Хаџи (61) потпиша договор за следните две квалификациски рунди, а на романската клупа ќе го наследи Мирчеа Луческу.

Луческу ја одведе Романија до плејофот за Светското првенство, а на крајот на март, оваа селекција беше поразена од Турција во Истанбул во полуфиналето со 1:0. Луческу почина само 15 дена подоцна.

Долго време се знаеше дека Хаџи ќе го наследи Луческу, а сега тоа е и официјално.

Хаџи е легенда на европскиот фудбал, во текот на својата фудбалска кариера одигра 125 натпревари за романската репрезентација и постигнак 35 гола, а беше член и на тимот што играше во четвртфиналето на Светското првенство во 1994 година и на Европското првенство во 2000 година.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK